Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАДЕВ ЗА МАКЕДОНИЈА: Збор „отстапка“ не постои во мојот речник

РАДЕВ ЗА МАКЕДОНИЈА: Збор „отстапка“ не постои во мојот речник

Бугарскиот претседател Румен Радев вели дека нема да прави отстапки кон Македонија. 

Радев прецизираше дека на средбата меѓу него и претседателот на Европскиот совет Антонио Коста е разгледана темата за европската интеграција на нашата земја. 

„Воопшто не зборуваме за отстапки. Таков збор не постои во мојот речник, во однос на Република Северна Македонија. Целосно го разбирам претседателот на Европскиот совет, бидејќи тој сака интеграцијата на Западен Балкан да се забрза. Особено во услови на геополитички превирања. Од друга страна, она што го добива од мене како многу јасен став, овој процес на интеграција мора да биде одржлив и неповратен. Мора да се базира на почитување на основните демократски принципи на Европската Унија и Копенхашките критериуми за членство. Република Северна Македонија има јасни обврски опишани во преговарачката рамка и протоколите кон неа. Тие едноставно мора да се исполнат“, вели Радев. 

Се надева дека Македонија ќе ги направи уставните измени за да ги почне преговорите со ЕУ. 

Според еврокомесарката, Марка Кос, Северна Македонија е тажна приказна во однос на евроинтеграциите. 

Слично

Поврзани вести