РАДЕВ ЗА МАКЕДОНИЈА: Во никој случај не треба да се спуштаме на нивото на коментарите од нашиот сосед
Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија не треба да се спушта на нивото на коментарите од Северна Македонија. Тој го коментираше одвојувањето на Албанија од Македонија со тоа што доби почеток на преговорите, како „логични последици од политиката на владата на Северна Македонија“.
„Во никој случај не треба да се спуштаме на нивото на коментарите од нашиот сосед. Ги повикувам сите бугарски политичари на воздржаност. На крајот на краиштата ние долго сме дел од Европската унија, и мора да покажеме поконтролирано однесување“, рече Радев.
Вели дека вистинската насока е да се вклучат Бугарите во Уставот, затоа што тоа е во преговарачката рамка на ЕУ и мора да се почитува.Албанија почна преговори со ЕУ, а Македонија ќе почека.
За македонската опозиција ова е тежок пораз, а премиерот Христијан Мицкоски посака среќа на Албанија.
Слично
