Радев тврди дека посетата на Петков на Македонија била избрзана
Посетата на Петков на Северна Македонија беше избрзана, вели бугарскиот претседател Румен Радев за БГНЕС.
Вели дека бугарската дипломатија мора целосно да го искористи својот професионален капацитет, да не верува во надворешната експертиза, на невладините организации и да не подлегнува на надворешниот притисок.
„Секоја избрзана постапка на бугарската влада, секој позитивен сигнал може погрешно да се протолкува како некакви отстапки од бугарска страна. Посетата на бугарскиот премиер на Северна Македонија беше избрзана“, додал Радев.
Според него, Бугарија е секогаш отворена за дијалог.
Слично
