Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАДЕВ СЕ СРЕТНА СО КОС: Кажа што очекува од Македонија

РАДЕВ СЕ СРЕТНА СО КОС: Кажа што очекува од Македонија

Претседателот на Бугарија, Румен Радев изразил надеж дека Македонија што поскоро ќе продолжи со имплементацијата на европскиот консензус од 2022 година, со што ќе го отвори патот за почеток на преговорите.

Радев денеска се сретна со европската комесарка за проширување Марта Кос, која е во посета на Софија во рамки на форумот „ЕУ се среќава со Балканот“.

„Дури и кога новата геополитичка динамика ја истакнува важноста на проширувањето на ЕУ, принципот пристапување врз основа на сопствените заслуги треба да остане водечки во оценувањето на земјите кандидати“, изјавил Радев. 

Еврокомесарката Марта Кос во објава на социјалната мрежа Икс ја оцени средбата со Радев за продуктивна, посочувајќи дека теми на разговорите биле регионалните предизвици и интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ.

„Во време на нови глобални безбедносни предизвици, можеме да ја заштитиме нашата слобода, нашата безбедност и нашиот просперитет само ако нашите соседи се со нас“, напиша Кос во објавата на Икс.

Но, од бугарското Министерство за надворешни работи(МНР) деновиве кажаа дека уставните измени не се единствен услов за Македонија. 

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение побара извинување од СДСМ до јавноста откако бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев изјави дека „уставните измени не се единствениот услов, односно дека тогаш допрва почнува процесот за почеток на преговорите со ЕУ“. 

Соседна Албанија отвори поглавја, а до 2027 година планира да ги заврши преговорите. 

Слично

Поврзани вести