Радев: Притисокот врз Бугарија во наредните месеци на тема Македонија ќе се зголемува
Очекувањата за компромис со Бугарија растат бидејќи во последниве години односите со Скопје беа во ќорсокак, а Бугарија остана изолирана, изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев.
Рече дека идните месеци притисокот врз Бугарија ќе се зголемува. Радев вели дека дека главниот приоритет на бугарската надворешна политика останува европската интеграција на Западен Балкан и дека Бугарија е најзаинтересирана Македонија да стане членка на ЕУ, но да ги исполни своите обврски.
„Очекуваме заштита на правата на луѓето со бугарска самосвест во Скопје, отстранување на сликата за Бугарија во учебниците, спомениците и тамошните медиуми и прекин на говорот на омраза“, кажа Радев.
Тој им се заблагодари на претседателот Стево Пендаровски и на премиерот Зоран Заев за враќање на дијалогот на највисоко ниво. И претходно, дел од бугарските политичари тврдеа дека имаат притисоци од други земји да го тргнат ветото и Македонија да почне преговори со ЕУ.
