Радев пристигна со авионот, Пендаровски го пречека попатно
Шефот на државата Стево Пендаровски го пречека бугарскиот претседател Румен Радев во Скопје на кратка средба, пред да заминат во заедничка посета на Рим и Ватикан. Македонскиот претседател ќе лета заедно со авионот на својот бугарски колега.
- Чествувајќи го делото на Светите браќа Кирил и Методиј, заедно со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев ќе положиме цвеќе пред спомен плочата во базиликата „Санта Марија Маџоре“, најави претходно Пендаровски.
Во Ватикан е предвидена аудиенција кај папата Франциск, а ќе се оддаде и почит пред моштите на Св. Кирил во базиликата ,,Свети Климент". Во Рим, Пендаровски ќе се сретне и со италијанскиот претседател Матарела.
Средбата на Пендаровски со Радев претстои во период кога во јуни ќе се одлучува за датумот за преговори на Македонија и Албанија со ЕУ. Радев во своите последни изјави звучеше оптимистички и остави простор Србија да ја тргне блокадата за Скопје.
Слично
