Економија, финансии, бизнис

Контакт

Радев не се плаши од притисокот на Макрон, и не го интересираат рокови, туку резултати

Радев не се плаши од притисокот на Макрон, и не го интересираат рокови, туку резултати

Претседателот на Бугарија,  Румен Радев денеска изјави дека е задоволен што европските лидери „конечно разбрале каде е вистинскиот проблем со Северна Македонија“ и дека сите обиди да се изврши притисок врз Софија се контрапродуктивни.

„На сите европски совети – од мај, разговарав со секој европски лидер на тема РС Македонија. Сакам да им се заблагодарам, бидејќи по втор пат темата е надвор од дневен ред. Нашите партнери конечно разбраа каде е вистинскиот проблем. Проблемот длабоко влијае на основата на самата ЕУ – човековите права и недискриминацијата“, изјави Радев за бугарските медиуми во Брисел каде што учествува на шестиот самит на Источното партнерство и Европскиот совет.

Вели дека Софија ќе продолжи да ја брани својата позиција, не само историјата, посочувајќи дека главен приоритет е почитувањето на човековите права на луѓето со бугарски идентитет.

„Не даваме рокови. Овој процес не е воден од рокови, туку од резултати“, рече Радев.

Вели дека францускиот претседател Емануел Макрон јасно ја знае позицијата на Бугарија и затоа не очекува притисок. 

„Имаме јасен договор. Со Франција мораме да ги решиме енергетските прашања“, додаде Радев.

Македонските власти сметаат дека рамката за период од 6 месеци за решение која ја споменува премиерот Кирил Петков, е доста долго време. 

Слично

Поврзани вести