Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАДЕВ: На ред е претседателот на Северна Македонија, да дојде во Бугарија

РАДЕВ: На ред е претседателот на Северна Македонија, да дојде во Бугарија

Позитивен знак е желбата на претседателката за средба, очекуваме промена на реториката и крај на јазикот на омраза, вели бугарскиот претседател Румен Радев  во однос на Македонија. 

Претседателот објасни дека бугарската делегација не можела да се сретне со делегацијата на Република Северна Македонија, која престојува во Рим. Радев вели дека до минута времето било испланирано. 

„Очекувам дека таква средба ќе има наскоро“, додаде Радев. 

Тој очекува македонската претседателка да ја посети Бугарија.

„Само преку дијалог ќе ја зајакнеме меѓусебната доверба, ќе ги решиме сите спорни прашања и ќе ја отвориме вратата на Северна Македонија кон ЕУ. Се надевам, и мој апел е дека оваа средба ќе се случи час поскоро. На ред е претседателот на Северна Македонија, ако не се лажам, да дојде во Бугарија“, рече Радев. 

Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, ја предводи државно-црковната делегација на земјата во Италија и Ватикан по повод 24 мај, а настанот е под мотото „Македонија во чест на Св. Кирил“. Откако на инаугурацијата Силјановска Давкова ја испушти придавката „Северна“ реакции имаше во Грција, но и во Бугарија од каде укажаа дека потпишаните договори мора да се почитуваат. 

Слично

Поврзани вести