Радев му порача на Петков дека е премиер, а не француски курир
Бугарскиот претседател Румен Радев го искара премиерот Кирил Петков, за кого кажа дека е бугарски премиер, а не француски курир.
Кажа дека Кабинетот никогаш не успеа да подготви бугарски предлог за случајот со Македонија, а сега го поднесува францускиот.
„Премиерот не може да поднесе нешто во парламентот без да се изјасни позиција. Тој не е курир, туку премиер!“, рече Радев.Кажа дека бугарскиот парламент не е пазар – едни купуваат пратеници, а други се согласуваат да го вратат стариот модел на корупција.
Слично
