РАДЕВ: Македонија не треба да губи историско време за членство во Европската Унија
Според бугарскиот претседател Румен Радев, ако Северна Македонија навистина има желба за Европската Унија(ЕУ) мора да ја исполни преговарачката рамка и договорот за добрососедство.
Вели дека државата не треба да губи историско време за членство во Европската Унија. Радев денеска имаше средбата со македонската колешка, Гордана Сиљановска-Давкова на маргините на Конференцијата за климатски промени – ЦОП 29 во Баку.
Како што пренсе БНР.бг, бугарскиот претседател ја пофалил комуникацијата со Давкова, коментирајќи дека била отворена, конструктивна и прагматична, а истото треба да го следи и македонската влада.
„Двете претседателски институции покажуваат дека дијалогот е можен и придонесува за развојот за добрососедство“, изјави Радев.
Од Кабинетот на Давкова по средбата со Радев информираа дека разговорот траел еден час и се одвивал во конструктивна атмосфера, а се разговарало за потребата од унапредување на македонско-бугарските односи, за надминување на отворените прашања меѓу двете држави, како и за можностите за продлабочување и динамизирање на билатералната соработка во повеќе области од взаемен интерес.
Претседателката рекла дека треба да се почитуваат позициите и интересите на двете страни и дека решавањето на билатералните спорови треба да е во рамките на основните вредности и принципи на Европската Унија. Бугарија очекува внесување на Бугарите во Уставот.фото Кабинет на претседателката Сиљановска-Давкова
