Економија, финансии, бизнис

Контакт

Радев испрати порака до Македонија за тоа како да се средат билатералните односи

Радев испрати порака до Македонија за тоа како да се средат билатералните односи

Бугарскиот претседател Румен Радев вели дека напредокот на Република Северна Македонија кон полноправно членство во Европската Унија е стратешка цел за Бугарија.

Но, додаде дека тоа ќе зависи од подготвеноста и политичката волја на земјава да ги исполни критериумите за членство во ЕУ и почитувањето на правата на граѓаните кои отворено го изразуваат својот бугарски национален идентитет.

„За решавање на прашањата во билатералните односи меѓу Бугарија и Република Северна Македонија е потребна политичка волја, активен институционален дијалог и постигнување неповратност во градењето добрососедски односи“, рече Радев.

На дискусијата присуствувале и потпретседателот Илиана Јотова, како и бугарски научници, експерти, дипломати и новинари.

Европскиот парламент вчера не го усвои амандманот на Резолуцијата за Македонија на социјалистите и зелените со кој се осудуваше реториката на Бугарија кон земјава за историските прашања.

Слично

Поврзани вести