Економија, финансии, бизнис

Контакт

Радев: Илинденското востание е симбол на бунтовничкиот бугарски дух

Радев: Илинденското востание е симбол на бунтовничкиот бугарски дух

Бугарскиот претседател Румен Радев вели дека Илинденското востание е симбол на бунтовничкиот бугарски дух и морално знаме на долгата борба за човекови права, достоинство и слобода. 

Радев изјави дека востанието е важно и во современите односи меѓу Бугарија и Македонија. Според претседателот, бугарскиот карактер на ова востание е неоспорен. 

„Бунтот преживеа благодарение на воените вештини на голем број бугарски офицери и многуте бугарски доброволци“, додаде тој. 

Вели дека ова востание ги отелотворува соништата на неговите светли умови за слобода, нивните соништа да ја претворат својата земја во земја на еднаквост и правда за сите народи. 

„Бугарите и граѓаните на РСМ им се поклонуваат токму на овие идеали. И овие идеали се во целосна хармонија со вредностите и принципите врз кои е изградена Европската унија. Затоа верувам дека државниот врв на Северна Македонија ќе ги следи и ќе води од овие европски принципи и идеали за да се постигне уставна и сеопфатна еднаквост на Бугарите во РСМ“, изјави претседателот.

Инаку, Радев освен што бара уставни измени, има и други барања за Македонија. 

За Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) не е проблем Македонија да ги внесе Бугарите во Уставот, но само ако има реципроцитет и ако Бугарија ги внесе Македонците во Уставот. 

На 2 Август со пригодни свечености се одбележува Илинден во Македонија. 

Слично

Поврзани вести