Економија, финансии, бизнис

Контакт

Радев и Јотова велат дека САД и ЕУ разбираат зошто ја блокираат Македонија

Радев и Јотова велат дека САД и ЕУ разбираат зошто ја блокираат Македонија

САД и ЕУ го разбираат ветото за Македонија,  велат  бугарскиот претседател Румен Радев и потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова. 

Радев вели дека за време на сите негови средби и разговори со партнерите во Европа и САД, одржани изминативе денови, а и пред тоа, се залагал за ветото на Бугарија за почеток на преговорите за членство во ЕУ на Република Северна Македонија.

„Исклучително е важно да се има комуникација со сите лидери на ЕУ, со нашите стратешки партнери од САД, со сите европски институции со цел да се најдете јасно одржливо и неповратно решение“, рекол Радев, пренесува „БНР“.

Јотова изразила разочарување од резолуцијата на Европскиот парламент усвоена денеска, со која се бара почеток на преговорите со Република Северна Македонија и Албанија за нивно пристапување во Европската Унија. 
„Кога се работи за притисок, нека биде за земјата која сака да влезе во ЕУ, а не за земјата која толку години е дел од унијата“, вели Јотова. 
Бугарија засега не ја менува позицијата и нема да дозволи Македонија да почне преговори со ЕУ. Досега во повеќе наврати Бугарија ја блокираше Македонија на патот кон ЕУ. За Албанија не прават проблеми за почеток на преговори. 

Слично

Поврзани вести