Економија, финансии, бизнис

Контакт

Радев е спремен да помогне на браќата во Македонија, но прво бара Бугари во Устав

Радев е спремен да помогне на браќата во Македонија, но прво бара Бугари во Устав

Северна Македонија единствено треба да ги впише Бугарите во Уставот, за да почне преговори со ЕУ, изјави денеска бугарскиот премиер Румен Радев пред почетокот на самитот ЕУ-Западен Балкан, кој се одржува во црногорскиот град Тиват, објави „Дојче веле“.

„Подготвени сме да помогнеме на секоја земја што аплицира за членство, особено на нашите браќа од Северна Македонија. Чекаме тие конечно да ја исполнат преговарачката рамка. Имаме консензус од јули 2024 година и чекаме тие конечно да го изменат Уставот и да ги вклучат Бугарите во него. Многу е едноставно. Потребно е да го направат само овој чекор за да се отвори вратата за преговарачкиот процес“, рече Радев.

Франција и Германија, на Самитот презентираат „нон пејпер“ во кој се предлага постепена интеграција на Западен Балкан во ЕУ пред полноправното членство Европската комисија е повикана да подготви предлози за олеснување на постепената интеграција на земјите кандидати во Европската Унија, вклучително и привилегиран пристап до единствениот европски пазар врз основа на нивниот напредок во пристапните преговори и поцврсти врски со европските институции во секојдневниот процес на одлучување – се наведува во француско-германскиот нон пејпер.

Македонските власти сакаат гаранции дека понатаму нема да има нови барања. 

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта деновиве ја посети Македонија и потсети дека услов за почеток на преговорите е внесувањето на Бугарите во Уставот.

Македонија и Албанија се одвоени на патот кон ЕУ, односно Албанија веќе преговара, а Македонија мора да ги внесе Бугарите во Уставот. 

Претходно, Франција го блокираше почетокот на преговорите со ЕУ, а потоа следуваше вето од Бугарија. 

фото Фејсбук/Румен Радев

Слично

Поврзани вести