РАДЕВ ДО ШЕКЕРИНСКА: Честитам и очекувам придонес во зајакнувањето на колективната одбрана
Претседателот на Бугарија, Румен Радев ѝ го честита назначувањето на Радмила Шекеринска за заменик-генерална секретарка на НАТО.
Тој очекува Шекеринска да придонесе во зајакнувањето на колективната одбрана и безбедност на Алијансата.
„Ѝ честитам на Радмила Шекеринска во нејзиното назначување на одговoрната позиција во НАТО. Го очекувам нејзиниот придонес во зајакнување на колективната одбрана и безбедност на Алијансата“, напиша Радев на Икс.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска одлучи да ја назначи македонската поранешна вицепремиерка и министерка за одбрана Радмила Шекеринска за следна заменик-генерална секретарка.
Слично
