Економија, финансии, бизнис

Контакт

Радев бара реални резултати за да го тргнат ветото за Македонија

Радев бара реални резултати за да го тргнат ветото за Македонија

Бугарскиот претседател Румен Радев ги повторил бугарските услови за кревање на ветото за Македонија. 

Како што јави дописникот на МИА од Софија, претседателот на Бугарија истакнал дека исполнувањето на Копенхашките критериуми за членство во ЕУ, давање уставни гаранции за почитувањето на правата на македонските Бугари и зачувувањето на бугарското културно-историско наследство во Северна Македонија, се неопходни чекори за нејзиниот пат кон обединета Европа.

„Интеграцијата на Република Северна Македонија мора да биде одржлив и неповратен процес и да се надоврзува на реални резултати во исполнувањето на критериумите за членство“, кажал Радев во разговор со претседателот на Советот на ЕУ Шарл Мишел. 

Радев, како што соопшти неговиот Кабинет, „го поздравил подоброто разбирање на позицијата на Бугарија во Европската Унија и ја истакнал потребата од развивање јасни механизми и мерливи критериуми за да се земе предвид вистинскиот напредок на Северна Македонија во процесот на европска интеграција и да се запазат демократските норми и принципи на ЕУ“. Бугарија досега во неколку наврати ја блокираше Македонија и не дозволи почеток на преговори со Европската Унија(ЕУ). 

Слично

Поврзани вести