Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рачна бомба експлодирала ноќеска во Маџари

Рачна бомба експлодирала ноќеска во Маџари

Рачна бомба експлодирала во петнаесет минути по полноќ во скопската населба Маџари на улица „Анри Барбис“.

Нема повредени лица, а оштетени се прозорци од една куќа и еден автомобил „хјундаи атос“.

За настанот бил известен Одделот за антитероризам, кој вршел увид до 3.20 часот. Било утврдено дека станува збор за рачна бомба, но засега не е познато од кој вид.

Од местото на настанот бил подигнат предметен материјал кој е доставен на вештачење. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.


Слично

Поврзани вести