Работник загина на градилиште зад Универзална сала
Работник загинал денес претпладне при пад додека работел на градилиште за станбен објект зад Универзална сала во центарот на Скопје.
Како што информира Канал 5, во Градската болница „Св. Наум Охридски“ бил донесен без знаци на живот.

Веднаш откако 25 годишникот паднал на главата, бил пренесен во болница, од каде само констатирале смрт.
Од МВР соопштија дека увидот на местото на несреќата завршил, по кој ќе се знаат причините за смртта на работникот.
Лани на работно место загинале 17работници.
Слично
