Економија, финансии, бизнис

Контакт

Работник во фабрика почина од струен удар

Работник во фабрика почина од струен удар

МВР објави дека работник во фабрика во струшкото село Враништа починал од струен удар вчера претпладне.

„На 27.05.2022 во 10.00 часот било пријавено дека во двор од фабрика во с.Враништа, струшко, во близина на електричeн ормар, е пронајден починат вработениот Д.Р.(59) од с.Враништа,  најверојатно од струен удар. Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт без видливи траги на насилств“, информира полицијата.. 

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга, Трудов инспектор, вештак по електротехника и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција.

Слично

Поврзани вести