РАБОТНИК ТЕШКО ПОВРЕДЕН ПРИ ПАД ОД ЗГРАДА ВО КУМАНОВО: лицето е пренесено на лекување на клиниките „Мајка Тереза“
Шеесет и петгодишен жител на Куманово се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од зграда додека извршувал работни задачи, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Како што е наведено во билтенот на МВР, на 21 јули во 17:00 часот во СВР Куманово, лекар од Итната медицинска помош пријавил дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен С.Т. (65) од Куманово.
Тој се повредил при пад од зграда на булеварот „Октомвриска револуција“ додека извршувал работни задачи.
Поради сериозноста на повредите, бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.
- На 21.07.2026 во 17:00 часот во СВР Куманово, лекар од Итна медицинска помош пријавил дека кај со нив тешки телесни повреди бил донесен С.Т.(65) од Куманово.
Според пријавеното, тој со повредите се здобил при пад од зграда на булевар „Октомвриска револуција“ додека извршувал работни задачи. Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош - пишува во извештајот на МВР, и притоа е потенцирано дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: Вангел Тануровски/Архива
