Работник се повредил и починал во селото Николиќ
Почина 27-годишен работник.
Во Полициската станица Гевгелија во понеделникот, околу 14 часот е пријавено дека во селото Николиќ, додека извршувал работни задачи во фирма каде бил вработен, Б.Н.(27) се здобил со повреди и починал на местото. Лекар констатирал смрт, а увид извршила екипа од ОВР Гевгелија.
Во февруари работник почина во Боговиње. Претходно, кон крајот на јануари градежник загина во Скопје.
Слично
