Работник починал при извршување работни задачи - телото на обдукција
Жител на Крива Паланка вчера починал додека ги извршувал своите работни задачи. Станува збор за лицето С.Ј. (52) кој работел во „ЕВН“.
- Пријава за починато лице на место викано „Пољана“ во кривопаланечкото село Огут од јавната здравствена установа во Крива Паланка била евидентирана вчера во 13 часот во полиција- се посочува во објавата на Министерството за внатрешни работи.
Од таму додаваат дека по преземени мерки било констатирано дека се работи за С.Ј., 52-годишник од Крива Паланка, вработен во „ЕВН“, кој починал додека извршувал работни задачи.
- Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР - Крива Паланка - информираа од МВР.
