Работник од Прилеп загина откако му паднала вреќа со жито
Трагедија на работно место во Прилеп. Сезонски работник кој бил ангажиран во фабриката „Жито“ – Прилеп, паднал од приколката додека растоварал жито од товарно моторно возило, а врз него паднала и вреќа со жито и го усмртила на самото место.
Прилепската полиција соопштува дека на несреќниот 45-годишен М.И. му се слошило, што било причина да падне од приколката.
Полицијата извршила увид на местото на несреќата, а телото е предадено на обдукција за да се утврдат причините за несреќата.
Слично
