Работник од Косово почина на изградба на автопат од Коридор 8
СВР Тетово соопшти дека вчера при работи на Коридорот 8 починал 31-годишен косовски државјанин.
„На 03.03.2025 година во 17:15 часот во државна болница Гостивар во Ургентен центар Гостивар било пријавено дека без знаци на живот кај нив било донесено лице Л.С.(31) од Република Косово“, објави МВР.
Според пријавата, на Љ.С. му се слошило додека ги извршувал работните обврски во фирма која ја изведувала изградбата на автопатите од Коридорот 8, по што бил пренесен во Ургентен центар Гостивар, каде била констатирана смрт.
„Извршен е увид и по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција“, велат од полициската станица Тетово.
Слично
