Работниците во Еурокомпозит на протест пред Влада
Вработени од прилепскиот загубар Еурокомпозит денеска се собрани пред зградата на ССМ во Скопје. Тие најавија дека ќе постават шатори пред Владата и ќе кампуваат се додека не им бидат исплатени заостанатите плати.
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев вчера изјави дека Владата во наредните пет до шест месеци ќе го реши проблемот. Тој најави и дека вработентите во Еурокомпозит ќе ги земаат заостанатите плати.
Вработените од Еурокомпозит веќе повеќе денови наназад бараат од Владата и вицепремиерот Анѓушев да го исполнат ветувањето што им го дале и да им ги исплатат двете заостанати плати во спротивно ќе останат на својот став дека ќе кампуваат пред Владата се додека не биде исполнето нивното барање.
Слично
