Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Работниците да не потпишуваат ништо, известен е трудов инспекторат, следно е и УЈП“: Ампева по објавите дека се затвора конфекцијата „Артекс“

„Работниците да не потпишуваат ништо, известен е трудов инспекторат, следно е и УЈП“: Ампева по објавите дека се затвора конфекцијата „Артекс“

По објавите дека се затвора конфекцијата „Артекс“, а вработените без најави им биле понудени со спогодбени решенија за престанок на работниот однос, врачени на самата капија од фабриката, се зголемија реакциите во јавноста.

Револтирани од ваквиот потег, тие одбиле да ги потпишат документите и најавуваат дека ќе останат пред конфекцијата сè додека не им бидат исплатени заостанатите плати и К-15.  

На случувањата реагираше и Кристина Ампева, од „Гласен текстилец“, која преку социјалните мрежи објави дека на работниците им е обезбедена правна помош и апелира да не потпишуваат ништо. Таа посочи дека се известени надлежните институции, вклучително и трудовиот инспекторат, а најави и вклучување на надлежните институции. 

 - Во врска со оваа фирма која е една од оние што низ годините покажаа дека немаат иднина ниту причина да постојат. Важно е да се истакне дека има две фирми во една од која едната е фирма, заштитно друштво за инвалидни лица. Имотот како што имам првични сознанија е под хипотека, и како и секогаш работниците се јавуваат кога е дојдено „нож до коска“. 

Она кое е превземено од наша страна е правна помош да не се потпишуваат на ништо, известен е трудов, следно е и УЈП, а работниците се јавија и кај адвокат, но не сметам дека нешто ќе се направи во судска постапка ако нема пари на сметка и сметката е блокирана и нема имот.  Интересно е дека имаме информации за наводни фалсификувани потписи што укажува на кривични дела од страна на работодавачот. А повеќе од итно е во ваква состојба кога работодавачот кажал нема за вас ништо без насока дека сака да исплати, да влезе УЈП, финансова и економски криминал и провери каде се парите од државниот буџет дадени на фирмата, заштитно друштво за инвалидни лица  напиша Ампева на нејзиниот Фејсбук профил.




Фото: Архива

Слично

Поврзани вести