Економија, финансии, бизнис

Контакт

Работна група ќе утврди што се случило во МНТ

Работна група ќе утврди што се случило во МНТ

На 167-та седница на Владата е формирана работна група која ќе утврди што се случило во МНТ. 

Владата донесе одлука да се формира работна група составена од заменик министерот за култура, Владимир Лазовски, државниот секретар во министерството за култура, Валмир Азири и директорката на Македонски народен театар, Симона Угриновска, информираа од Владата. 

Владата ја задолжи работната група до претседателот на Владата, Зоран Заев, да достави извештај за начинот на кој е одобрена и спроведена организацијата на настанот Прослава на 30 годишнината од постоењето на навивачката група „Шверцери“ во Националната Установа Македонски народен театар, во кој треба да биде содржана и детална информација за евентуалната штета на инвентарот.

Слично

Поврзани вести