Економија, финансии, бизнис

Контакт

Работна група го „чешла“ Музејот на ВМРО

Работна група го „чешла“ Музејот на ВМРО

Работна група од Министерството за култура ќе врши проверка на начинот на работа на музејот на ВМРО како и за неговата стручна и општествена оправданост при што се прегледува документацијата и се врши увид во актите. 

При својата прва посета на Музејот вчера, работната група оствари средба со раководството, изврши првичен увид во музејската поставка и прибави дел од неопходната документација потребна за подготовка на детална анализа за овој музеј. Работната група во состав .д-р Александар Литовски (претседател), д-р Донка Барџиева Трајковска, д-р Елеонора Петрова, Златко Теодосиевски, .м-р Гордан Николов и м-р Жарко Трајановски (членови) ќе има задача да изврши увид во целокупната документација поврзана со одлуката за основање и изградба Музејот, да изврши увид  во целокупната документација поврзана со  начинот на прибирање и откуп на музејскиот материјал, да направи проценка на музејската збирка, да изврши евалуација на начинот на  експонирање на музејската збирка и пропратниот илустративен материјал, како и евалуација на начинот и условите на чување на музејскиот материјал.

По разгледување на целосната документација и состојба, Работната група ќе изработи Елаборат за преиспитување на општествената и стручната оправданост на постоењето на  НУ ” Музеј на  македонската борба за државност и самостојност“-“ Музеј на ВМРО” и “Музеј на жртвите од комунистичкиот режим”, соопштија од министерството.


Слично

Поврзани вести