Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Работите не запреа ниту во зима!': Трајановски за изградбата на автопатот кон Охрид ' 590 работници, 500+ машини и 55 камиони на терен'

„Работите не запреа ниту во зима!': Трајановски за изградбата на автопатот кон Охрид ' 590 работници, 500+ машини и 55 камиони на терен'

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, информира дека изградбата на делницата Гостивар–Букојчани претставува сериозен инженерски зафат во сложен планински предел, со силна динамика на терен.

Според него, од вкупно 31 километар, активно се работи на 11 километри, со реализација од речиси 59 проценти на таа секција. Работите, како што посочи, не запреле ниту во зимски услови. 

Дел од најбитните сегменти од изградбата која денеска ја посетија, Трајановски сподели и на социјалните мрежи.

- Гостивар – Букојчани: сериозен инженерски потфат во сложен планински предел!

На делницата долга 31 км активно се работи на 11 км–со речиси 59% реализација на тој потег. Работите не запреа ниту во зима!

4 моста и 1 натпатник -во изградба

Мостот на 7-ми км е во завршна фаза – веќе се вози по двете ленти

590 работници, 500+ машини и 55 камиони на терен

45.000 м³ ископ само за една недела

Изграден е камп за над 1200 лица, а работите се одвиваат со силна вклученост на домашни компании.

Со изградбата на сите делници од Коридор 8 и 10, заедно со Кичево–Охрид, ќе добиеме целосен автопат од Скопје до Охрид – побрз, побезбеден и со силен економски и туристички бенефит.

Градиме со силно темпо - резултатите веќе се гледаат! - напиша Трајановски.



Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести