„Работиме нешто кое никој во Царинска управа не се охрабрил да го работи“: Николовски тврди оти се избегнати давачи во милионски суми
Имаме одврзани раце да работиме на сè, во тек е истрага за акцизна стока – очекуваме милионски суми од наплата преку избегнати давачки.
Ова го посочи директорот на Царинската упрва, Бобан Николовски во телевизиско гостување.
„Работиме на нешто на кое никој во Царинската управа не се охрабрил да го работи или пак немал интерес да работи на таков случај. Ние како дел од државниот апарат предводен од премиерот Христијан Мицкоски имаме одврзани раце да работиме на сè. Кога ќе го завршиме целиот предмет ќе дојдеме до милионски суми избегнати давачки кои ќе ги наплатиме. А се надевам во соработка со ОЈО ГОКК дека ќе стигнеме не само до извршителите туку и до нарачателите“, истакна Николовски во телевизиска емисија.
Тој воедно посочи дека годинава, заклучно со јуни е поднесена 91 кривична пријава од страна на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги.
Слично
