Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАБОТИ ОД ДОМА И ПОРАЧУВА - коронавирусот не е за занемарување и битката не е воопшто лесна

РАБОТИ ОД ДОМА И ПОРАЧУВА - коронавирусот не е за занемарување и битката не е воопшто лесна

Вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски, кој е позитивен на коронавирусот и е во домашна изолација, вели дека борбата со оваа болест не е воопшто лесна и не е за занемарување.
Тој му се заблагодари и на својот тим кој, како што рече, напорно работи на зацртаните активности и постојано го информираат за секој нивни преземен чекор.
„Благодарам на сите за испратените желби за побрзо закрепнување. Болеста не е воопшто за занемарување и битката што се води не е нималку лесна, се надевам дека ова секому му е јасно.

Благодарам и на мојот тим кој напорно работи на сите активности и зацртани цели, информирајќи ме константно за секој превземен чекор.

Наскоро ќе се вратам на редовните обврски и теренски активности, а дотогаш испраќам поддршка до сите други кои се борат со вирусот.

Деновите кои доаѓаат се убави и празнични, но ве молам да празнуваме одговорно и да заштитиме и спасиме што повеќе луѓе!“, напиша Николовски на својот фејсбук профил, објавувајќи и фотографија од неговиот работен ангажман од домашни услови.

Слично

Поврзани вести