РАБОТИ НА ПАТ: Поради асфалтирање овој патен правец ќе биде затворен
На патниот правец Маваро – Дебар на делот од Бошков мост до Мелнички мост поради изведување градежни работи на пат (асфалтирање), на ден 07.04.2017 (петок) сообраќајот ке биде во прекин во двата правци од 13 - 16.30 часот, соопштија од Авто мото сојузот на Македонија.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.
Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен-Буково.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
