Економија, финансии, бизнис

Контакт

Работен ден од шест часа - Швеѓаните се откажуваат?

Работен ден од шест часа - Швеѓаните се откажуваат?

Пилот проект е правен во Гетебург, Шведска со медицински сестри и работно време од 6 часа при што се покажало дека има позитивни ефекти. 

Тие покажувале поголема грижа за пациентите, а бројот на боледувања е намален. 

Но, сепак ваквото работно време чини скапо. 

Во пилот проектот биле вклучени 68 сестри, и се покажало дека тие се задоволни со работно време од 6 часа. 

Но, градот морал да вработи плус 17 луѓе, а тоа чини над милион и пол евра. 

Градот одлучи да се прекине со ова работно време од 6 часа затоа што работите ќе излезат од контрола. 

За нив е прескапо да се продолжи со работно време од 6 часа. 

Сепак, се верува дека и 8 часовното работно време не носи продуктивност. 

Пред 13 години подружницата на Тојота во Шведска воведе работно време кое трае 6 часа и тоа доведе до поголема продуктивност. 






Слично

Поврзани вести