Работел по 20 часа дневно за да го оствари својот сон
Дарио Бабиќ има 36 години, не се школувал ниту за угостител, ниту за слаткар.
Работел како пица мајстор, доставувач, продавач, се додека не се заљубил во сладоледот gelato, пишува бизнисинфо.ба.
Почнал да работи многу млад, како студент, бил неколку години во Канада и работел повеќе работи.
Откако се вратил во Сараево почнал со бизнис. Продавал часовници од познат бренд, а во меѓувреме во подготвка бил бизнисот кој требал да стартува.
„Едноставно се заљубив во оваа работа, но со текот на времето почнав да осмислувам рецепти. Отсекогаш ми оделе од рака овие работи, осмислување, креативност, соработка со други слаткари“, вели тој.
На почеток раскажува дека немал пари за реклама, и затоа најважно му било да купувачите да бидат задоволни.
фото бизнисинфо.ба
