Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАБОТАТ ПОД ДРЖАВНА „КАПА“ АМА ИМААТ ДЕБЕЛИ КОНТА – уште една институција со просечна плата над две илјади евра

РАБОТАТ ПОД ДРЖАВНА „КАПА“ АМА ИМААТ ДЕБЕЛИ КОНТА – уште една институција со просечна плата над две илјади евра

Од основањето важат за институција со посакувани примања, а иако некогаш броеја помалку вработени, денес оваа институција може да се пофали и со бројот вработени, но и со плати кои во нашата земја се многу примамливи.

Вработените во Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија или РКЕ се меѓу државните институции кои важат за примамливи заедно со уште неколку државни институции. Секако ова го велиме бидејќи просечната плата во оваа институција е далеку над проескот во земјата и таа минатата година достигнала 2.600 евра.

Имено, извештајот кој РКЕ покажува дека во текот на минатата 2025 година во оваа институција биле вработени 46 лица, од кои седуммина се членови на комисијата, а другите се вработени во институцијата.

Согласно извештајот за плати и придонесе за вработените во текот на минатата година биле потрошени 88.380.330денари.Ова значи дека за плати минатата година РКЕ поделило 1,43 милионни евра, а оваа сума е помала од планираната, бидејќи според проекциите оваа институција за плати и придонеси за вработените требало да потроши 96.986.662 денари, или 1,57 милиони евра.

-  Реализацијата на финансискиот план во делот на расходите покажува дека остварените трошоци се за 24% пониски во однос на планираните. Овој резултат укажува на рационално, ефикасно и ефективно работење на Регулаторната комисија за енергетика. Ваквата финансиска дисциплина претставува значаен индикатор за одговорно управување со јавните средства, овозможувајќи рационална распределба на средствата, намалување на непотребните трошоци и постигнување на поставените цели со понизок обем на расходи. Истовремено, оваа оптимизација не влијае негативно врз квалитетот на извршувањето на надлежностите, што дополнително го засилува кредибилитетот и оперативната ефикасност на институцијата– се посочува во извештајот.

Бидејќи во споменатата сума која институција ја троши за плати, вклучени и се и придонесите за здравствено и социјално осгирување, јасно е дека нето платата е пониска, но повторно е над просекот во Македонија. 

Или поточно месечно нето платата ако се подели еднакво меѓу сите вработени изнесува 104.844денари. 

Но, со оглед дека како и секаде има хиерархиска распределба на работните места, платите за лицата на раководни позиции се повисоки, а пониски за оние на пониските.

Трошоците за плати за вработените се најголемата ставка во расходите на РКЕ.

Од вкупно 46 вработени лица во РКЕ, седум се членови на Регулаторната комисија за енергетика, а тројца се вработени како помошно-технички персонал. Образовната структура на вработените во стручните и административните служби, е составена од 11 инженери, 11 економисти, седум правници и седум лица со друг вид високо образование.

П.О.


Слично

Поврзани вести