Економија, финансии, бизнис

Контакт

Работа полесно ќе најдете во странство, отколку во Македонија!

Работа полесно ќе најдете во странство, отколку во Македонија!

Тешко или многу тешко е да се најде работа во земјава.

Ова е оценката на Институтот за демократија, од направеното истражување за мислењето на јавноста за тоа колку лесно се наоѓа работа во земјава.

Бројот на песимисти е поголем од оптимистите. 

Речиси 90% од граѓаните тврдат дека работа полесно ќе се најде во странство, отколку во земјава,  а само осум проценти сметаат дека има можности тука да се најде работа.

Колку граѓаните се способни да почнат сопствен бизнис?

31% од испитаниците велат дека ги имаат потребните знаења и искуства, но за разлика од нив, 12,6 насто велат дека имаат средства за почнување на сопствен бизнис.

Колку се грижи државата за социјалните семејства?

Високи 86 насто велат дека државата воопшто не се залага за социјално загрозените, спротивно мислење пак имаат 6 проценти,а дека населението живее под прагот на сиромаштијата сметаат 70 проценти.

Примателите на социјална помош кои биле вклучени во истражувањето посочиле дека голем дел од нив не можат да обезбедат ниту основни потреби за живот. 

Слично

Поврзани вести