Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАБОТА ОД СОНИШТАТА: Нудат 6000 евра плата

РАБОТА ОД СОНИШТАТА: Нудат 6000 евра плата

„Леголенд центарот“ во Бирмингем, Велика Британија, бара мајстор градител, кој ќе игра со коцките, а притоа ќе добива плата од 6.000 евра месечно. 

За оваа работна позиција се пријавиле 5.000 кандидати, но само еден ќе ја добие работата. 

„Сакате ‘лего’ и имате доволно магија во себе за да им подготвите на децата незаборавни искуства со нови модели? Сакате да ширите радост и задоволство околу себе? Пријавете се и приклучете се на тимот во ‘Леголенд центарот’“-  се вели во огласот за вработување. 

Кандидатот кој ќе биде ангажиран, работното време ќе го поминува во сложување на коцките и правење градби во ‘Лего центарот’ за истражување во Бирмингем.

Слично

Поврзани вести