Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАБОТА НА СОБРАНИЕТО: Заврши квартал со најголем број донесени нови закони

РАБОТА НА СОБРАНИЕТО: Заврши квартал со најголем број донесени нови закони

Во периодот 1 април – 30 јуни 2019 година во Собранието во тек беа вкупно 66 постапки за донесување или изменување на закони. 58 закони се донесени (43 поднесени во претходни мониторинг периоди), за 4 закони постапката се уште е во тек (1 поднесен пред сегашниот мониторинг период), 2 закони се неприфатливи, а 2 закони се повлечени, се вели во извештајот на Граѓанската асоцијација МОСТ. 

Овој квартал е со најголем број донесени нови закони (21) и со највисок процент донесени закони предложени од Владата во овој состав (84,3 отсто), нотира МОСТ.

„Од донесените закони 21 е нов, 30 се измени на постоечки закони а 7 се ратификации; Во вториот квартал од 2019 година Владата има поголем број на предложени закони во однос на пратениците - 43 од донесените закони (84,3 отсто), додека пратениците предложиле 8 закони (15,7 отсто); Високиот процент на предложени закони од Владата во овој период се должи на поголемиот број на донесени закони како резултат на реформскиот процес кој го иницираше Владата. 31 закон (60,8 отсто) се донесени во редовна постапка, а 20 закони (39,2 отсто) по скратена постапка, од кои еден е за хармонизација со други закони. Процентот на закони донесени во редовна постапка е зголемен за 2 пати во однос на претходниот мониторинг период, кога 30,3 отсто од донесените закони беа во редовна постапка, што претставува враќање на позитивната практика на усвојување на поголем број од законите во редовна постапка; 16 закони (31,4 отсто) се донесени на 16 мај, што претставува датум со најголем број на донесени закони во периодот. Сепак, 15 од овие закони се закони чиј указ за прогласување не бил потпишан од претходниот претседател на РСМ, Ѓорге Иванов, односно на овој ден седниците (94-та и 97-ма) на Собранието биле наменети за повторно гласање на овие закони“, се наведува во извештајот за работа на Собранието. 

Во мониторинг периодот само еден закон (Закон за финансиска поддршка на инвестиции) е изменуван повеќе пати. 

Во периодот 1 април – 30 јуни 2019 година седници одржале 15 од 21 комисија. Работата на комисиите се анализира преку три категории: транспарентност, квалитет на записници и вклученост на засегнатите страни.

Слично

Поврзани вести