Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПУТИН МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА РЕВОЛУЦИЈА: Независниот експерт Камил Галеев укажува на една „тешка грешка“ со сериозни последици за рускиот лидер

ПУТИН МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА РЕВОЛУЦИЈА: Независниот експерт Камил Галеев укажува на една „тешка грешка“ со сериозни последици за рускиот лидер

Во последните денови се интензивираа шпекулациите за плановите на Владимир Путин за прославувањето на Денот на победата во Русија во понеделник. Украина тврдеше дека Путин ќе го искористи тој ден за да објави масовна мобилизација.

Независниот експерт за Русија Камил Галеев смета дека постои реална можност Путин да се одлучи за тоа сценарио, но вели дека тоа би била „тешка грешка“ која може да има далекусежни последици за рускиот лидер.

„Судејќи според природата и навиките на Путин, проценувам дека веројатноста за најава на масовна мобилизација на 9 мај би можела да биде околу 20 отсто“, рече Галеев, цитиран од „„Sky News“.

„Путин апсолутно може да прогласи масовна мобилизација. Но, тоа ќе се спроведе во ситуација кога нема речиси никаква инфраструктура и каде што речиси и да нема организациски капацитет за таква мобилизација во рамките на воената доктрина, што всушност ја исклучува можноста за таква мобилизација“, објаснува тој и додава: „Во случај на целосна мобилизација, ќе имаме касарни преплавени од огромен број слабо мотивирани регрути под лошо раководство. Овие регрути знаат дека ќе бидат испратени во Украина каде што најверојатно ќе бидат убиени во акција. Тоа е револуционерна ситуација“.

„Мислам дека веројатноста за успешно масовно востание во Русија е блиску до нула. Меѓутоа, во случај на масовна мобилизација, таа ќе скокне до небо. Ќе имате тони вооружени луѓе со непосреден интерес за соборување на режимот“, заклучува тој.

ФОТО: EPA/SERGEI ILNITSKY

Слично

Поврзани вести