„ПУТИН БЕШЕ ВО ПРАВО“: Ванковска со став, „Што се дадовме за оваа скапана алијанса“
Професорката Билјана Ванковска повторно се огласи за НАТО и развојот на настаните околу конфликтот со Украина.
„„Мировниот план” на Трамп е неговата излезна стратегија и прикривање на фактот дека НАТО тукушто ја изгуби војната во Украина (после Авганистан). По обичај, САД (како лидер на Алијансата) ќе направат лом, па ќе ги остават Евтопјаните да го расчистуваат. Истовремено додека бараат мир (или примирје) со Русија, на сојузниците им дилаат повеќе оружје. Она што остана од Украина е веќе распродадено и разграбани од западните корпорации, вклучувајќи ја и плодната почва. Ќе биде интересно да се гледа како она конте Руте ќе го менува наративот. Но Путин беше во право кога кажа дека наскоро сите европски лидери ќе му ги лижат нозете на Трамп како пудлици.
Зеленски е веќе искористен … знаете што…
Каква трагична судбина на една земја која настрада заради несфаќањето дека членството во НАТО бара огромна цена. Сакајќи рогови ги изгубија и ушите.
НАТО - тој мрачен објект на желбата! (Тука многу мислам и на нашата жртва - што сѐ дадовме за оваа скапана алијанса!)“ напиша таа.
Слично
