„Пустош“ во владините кабинети, на новите министри им фали компјутери и мебел
Состојбата во кабинетите и канцелариите на седиштето на владата и ресорните министри е многу лоша бидејќи се спровел вистински „пустош“ со вадење на компјутери, мебел и инветар. Затоа новите министри се изненадени од состојбата која ја затекнале.
- Освен кабинетот на премиерот, на кој ништо не му недостасува, туку напротив, дури плени со луксуз, на сите други им фали опрема. Во скоро сите кабинети недостигаат компјутери и друга техничка опрема, а негде нема ниту мебел, кои исчезнале со заминувањето на претходниот владин кабинет, велат за Фокус извори од новата влада.
Колку за потсетување, техничките министри и дополнителни заменици-министри од СДСМ во пржинската влада за спроведување на изборите, исто така, почнаа со работа во полупразни кабинети во неколку министерства, меѓу кои за труд и социјала, за земјоделство и други.
