Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПУСТЕЦ СЕ ИСПРАЗНИ: Има само 8 првачиња во оваа учебна година

ПУСТЕЦ СЕ ИСПРАЗНИ: Има само 8 првачиња во оваа учебна година

Само 8 првачиња тргнаа на училиште во Пустец. 

Во новата 2024/2025 учебна година, што во Албанија почна вчера, за првпат во ученичка клупа, во општина Пустец седнаа само осум првачиња.

„Споредено со минатата учебна година имаме едно прваче помалку. Од осум колку што се оваа учебна година, три се во деветолетката во Пустец, останатите во другите населени места. Во основното образование имаме вкупно 97 ученици“, изјави за МИА, Пали Колефски, градоначалник.

Тој посочи дека на првиот училиштен ден, традиционално бил со учениците во деветолетката во Пустец и на учениците им посакал среќен почеток и многу успех во совладувањето на наставните единици.

„На учениците и на нивните наставници им посакувам добро здравје, среќа и успешен почеток и тек на наставно-образовниот процес во оваа учебна година. Посебни честитки до оние што првпат седнуваат во ученичка клупа. Годината да биде исполнета со другарство, радост и успех“,  посака Колефски.

Во периодот меѓу двата пописа, 2011-2023 година, бројот на населението во Пустец се намалил за 43 отсто, односно од околу 5 илјади на 1.887 жители.
Фото: Општина Пустец

Слично

Поврзани вести