Пусиќ: Не смее да се испушти шансата сега да се реши спорот со името
Екс министерката за надворешни работи на Хрватска, Весна Пусиќ предупредува – соседските спорови ја враќаат националистичката реторика. Македонските шанси во НАТО, Европската унија и името беа во фокус на синоќешната емисија на Фактор магазин.
„Ако се најде некој договор на кој би се согласиле и Грција и Македонија, како ќе се реши, не што ќе биде, ако се договорите нема никакви проблеми. Но, ако се најде некој модел на кој би се согласиле и обете страни, кога Македонија ќе стане членка или ги започне преговорите за членство како тоа би се решило, тогаш нема никаков проблем да се решат преговорите. Но, се работи за тоа што за започнување на преговорите сите 27 држави членки ќе мора да се согласат на тоа“, вели Весна Пусиќ .
Пусиќ вели дека ова е еден одличен момент за Македонија, многу се сменила атмосферата, во европските институции постои сознанието дека мора да се напредува во Југоисточна Европа и на Балканот, бидејќи тоа е преопасно и за стабилноста општо на Европа, овде да се држи непромената состојба, се чини дека постои искрена волја и од македонската и од грчката страна за да се реши прашањето на името,мислам дека ова е фантастичен момент, кој не смее да се испушти.
Треба да се направи успех од него, додава Пусиќ и вели дека од тоа може да се направи успех.
„Треба малку, како што велат Англичаните да се мисли „надвор од кутијата“ вон вообичаените рамки и да се обидете да се сетите на некои добри решенија кои можат да и помогнат на Македонија да ја искористи оваа шанса.
Целата емисија погледнете ја во видеото подолу:
Слично
