Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пуштени во продажба билетите за историскиот натпревар со Косово

Пуштени во продажба билетите за историскиот натпревар со Косово

Билетите за елиминацискиот фудбалски натревар што ќе се одигра помеѓу фудбалските репрезентации на Македонија и Косово на Арена „Тоше Проески“ на 26 март се пуштени во продажба, објави ФФМ.

Влезница за јужната и северната трибина од Националната арена „Тодор Проески“ ќе се продаваат по цена од 300. и 400. денари. Едно лице може да купи еден билет со приложување на документ за идентификација (важечка лична карта или патна исправа). Секој билет ќе биде персонализиран.

Националниот фудбалски тим за прв пат ќе игра во плеј-оф фазата за пласман на Европското првенство 2020, а влезниците за натпреварот се пуштени во продажба од преку продажната мрежа на MKTickets на следните избрани места:

Билетара на Национална арена „Тодор Проески“, T.A. Глобус - Охрид, T.A. Бран - Прилеп, Кафе бар „Концепт“ - Струмица, Симбол Кафе - Штип, Литература - Битола, Киоск Корзо – Неготино, Уни сон - Велес, Тобако Лени + - Гевгелија и Либеро Травел - Кочани.

„Ги известуваме сите навивачи и поддржувачи на нашата најдобра репрезентација дека на денот на натпреварот со себе треба да носат документ за лична идентификација и нема да им се овозможи влез на трибините на оние навивачи кои под друго име ќе се обидат да влезат на Националната арена“, соопштија од ФФМ.

Слично

Поврзани вести