Пуштени автобуси од Тетово до Попова Шапка за да не се прави гужва на паркингот
Општина Тетово пушти два автобуси до Попова Шапка, едниот во 8 часот наутро, а вториот во 10 часот наутро. Автобусите ќе сообраќаат до крајот на сезоната, но само за време на викендите, со исклучок на понеделник кога истата рута ќе продолжи поради празникот.
Жителите го поздравија пуштањето на автобусите, но бараат да има редовна линија секој ден од неделата, а не само за време на викендите.
Вообичаено, во овој зимски период, за време на викендите и празниците, граѓаните се собираат на Попова Шапка, но поради недостатокот на паркинг места, се предизвикува хаос. Со пуштањето на автобуската линија, се очекува дека ќе има помалку автомобили на врвот.
Слично
