Пуштени 10 бунари во Прилеп, водата ќе се користи во време на криза
Денеска во функција беа ставени десет нови бунари во месноста Бегова Ливада кои на Прилеп. Според најавите на надлежните, тие треба на граѓаните да им обезбедат дополнителни 120-тина литри вода во секунда во кризни ситуации.
Проектот е вреден околу 70 милиони денари информираа од Министерството за транспорт и врски. Оттаму уверуваат дека со бунарите заедно со цевководот и препумпната станица кои беа поставени во првите фази на проектот, ќе се реши проблемот со слабиот притисок на водата пред се во високите зони на градот за време на летните месеци.
Слично
