Пуштена во употреба железничката пруга од Миравци до Смоквица
Денеска во Миравци е пуштена во употреба реновираната железничка пруга од Коридорот 10 на делницата Миравци-Смоквица во должина од 12,4 километри.
Според министерот Јанакиески последниот ремонт на пругата е направен пред 43 години.
- Ова е само првиот дел од предвидениот ремонт на 55,4 километри пруга на Коридорот 10 со финансиска поддршка од Европската банка за обнова и развој во висина од 17,6 милиони евра, додека вториот дел ќе се состои во ремонт на делницата Ногаевци-Неготино во должина од 31 километар, нагласи Јанакиески.
Ремонтот на пругата се состоел од комплетна замена на дотраените дрвени прагови со армирано-бетонски, замена на шините со нови, како и прочистување на стариот толчаник и замена со нов.
На пругата Миравци-Смоквица со ремонтот се овозможува возење со брзина од 100 до 120 километри на час и поголема сигурноста во железничкиот сообраќај
