Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пуштен во употреба локалниот пат Староец – магистрала Кичево – Македонсски брод

Пуштен во употреба локалниот пат Староец – магистрала Кичево – Македонсски брод

Денеска во општина Кичево беше пуштен во употреба локалниот пат Староец - магистрала Кичево-Македонски брод.

За изградбата на патот, долг 2,5 километри, Министерството за транспорт и врски обезбеди 150 илјади евра, изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој присуствуваше на пуштањето на патот.

- Разговаравме со месното население и за други проблеми што го мачат ова село. Рекоа дека имаат проблеми со водоснабдувањето за што им ветив оти наскоро ќе испратиме стручна екипа да им помогнеме да го решат овој проблем. Разговаравме и за други проблеми со кои се соочуваат и во рамки на можностите ќе се трудиме да помогнеме, рече Јанакиески.

Министерот најави и дека  стартот на изградбата на автопатот Кичево-Охрид ако се се одвива според планот би требало да почнат во првиот квартал од идната година.

Слично

Поврзани вести