„ПУШИ, ПУШИ, ПУШИМЕ, ГАЈЛЕ СИ НЕМАМЕ“... Доктор Беќаровски вели „ама нас елката ни е поважна“
Загадениот воздух во Скопје и Македонија го изреволтира докторот Нико Беќаровски, кој на својот фејсбук профил објави негов став околу штетното влијание на загадениот воздух.
„ Драги Скопјани, денес повторно ,"се препушивме".
Според овие пресметки секој ден кога AQI (air quality index) e 72, се труеме еднакво како да сме испушиле една цигара.
Кога AQI индексот е 358 се труеме еднакво како од 14 испушени цигари итн.
Драги мои сограѓани во одделни делови на градот, вечерва ,,бесплатно испушивме" по 5-10 цигари.
Ако не се смилува мајката-природа да ни испрати силен ветар, следните денови и "една кутија" ќе ни биде малку, ама нас елката ни е многу поважна.“ напиша тој.
Слично
