Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ПУШАЧИТЕ ТРЕБА ДА ИМААТ ГАРАНТИРАН ПРОСТОР КАЈ ШТО ЌЕ ПУШАТ ЗА СВОЈ ЌЕФ“: Лилјана Поповска со поддршка за законот но и за пушачите

„ПУШАЧИТЕ ТРЕБА ДА ИМААТ ГАРАНТИРАН ПРОСТОР КАЈ ШТО ЌЕ ПУШАТ ЗА СВОЈ ЌЕФ“: Лилјана Поповска со поддршка за законот но и за пушачите

Лилјана Поповска од ДОМ, истакна дека го поддржува законот за пушење, но нагласи дека пушачите не смеат да бидат понижувани.

„Поддршка за Законот зазабрана на пушење во затворено! Со неколку АМАНДМАНИ:

1) Тоа не треба да се изведе како КАЗНА и ПОНИЖУВАЊЕ за пушачите. Тие се скоро пола од народов, наши пријатели, роднини, колеги, комшии. Треба да имаат гарантиран простор кај што ќе пушат за свој ќеф, на своја штета, за свои пари, а државата да обезбеди програми и средства за одвикнување од пушење.

2) Истовремено да се води борба против аерозагадување од индустрија, загревање домови и јавни објекти, горење отпад, стари коли, незаштитени градилишта, на сметка на сечење дрва и шуми, со коруптивни ДУП,-ови, итн. Зашто скоро ист број луѓе умираат и од пушење и од труење на воздухот, дури и малку повеќе!

3) Законите да важат за секого, секаде, на ист начин, без "креативни" читања!“, напиша таа.



Слично

Поврзани вести